недела, 14 декември 2025

Изминатиот викенд регистрирани се 1.172 сообраќајни прекршоци

Во деновите од изминатиот викенд како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1.172 издадени платни налози дури 113 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Истовремено 80 возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 48 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитен шлем.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Инаку согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата  најмногу прекршоци во текот на викендот 459 се однесувале на непочитување на пропишаната брзина на движење, 192 за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се санкционирани уште 38 лица кои некористеле сигурносен појас, 28 заради користење мобилен телефон при возење, четворица минале на црвено светло, а пет возачи се санкционирани поради не исполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.

Исто така, а согласно Законот за возила, 29 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ