Како што соопшти МВР денеска, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 389 прекршоци во текот на викендот се однесуваат за возење со брзина поголема од дозволената, 198 за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се санкционирани 79 возачи за некористење сигурносен појас. Изречени се 30 мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за минување на црвено светло.
Исто така согласно Законот за возила, 52 возила биле отстранети поради тоа што биле нерегистрирани, а седум возила за техничка неисправност.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.