„На 1 август во 21.00 часот на подрачјето на Кисела Вода полициски службеници го лишиле од слобода С.М. (55) од Скопје, постапувајќи по пријава според која тој, прикажувајќи ѝ лажни факти на неговата 77–годишна сосетка, која имала здравствени проблеми и за која требало да се грижи, ја довел во заблуда и ја измамил да потпише лист со текст за наводна купопродажба на имотот, кој во суштина претставувал договор за солемнизација на целиот имот и банкарските сметки, со цел да ги префрли на свое име и да се стекне со противправна имотна корист, додека ја држел затворена во нејзиниот дом“, соопшти МВР.
Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случајот против 55-годишниот жител на Скопје ќе биде поднесена соодветна пријава.






