Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди. Му било кажано дека е потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Измамен дедо за 10.000 евра, за наводна операција на внуката
На 24 февруари во 13:30 часот во СВР Битола, 83-годишник од Битола пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.

Објавено на
часот





