четврток, 15 јануари 2026

Измама во Скопско: ветен стан и работа, изгубени речиси 100.000 денари

На 14 јануари 2026 година, во СВР Скопје, 54-годишна жена од скопско село пријавила дека била измамена за сума од 95.400 денари.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, во текот на изминатата година таа во неколку наврати му ги исплатила парите на едно лице, кое тврдело дека може да ѝ помогне да купи стан во Скопје и да ја вработи нејзината ќерка како цариник. По некое време, лицето престанало да одговара на нејзините телефонски повици, по што таа сфатила дека била измамена.

Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ