понеделник, 8 декември 2025

Измама преку хакиран и-мејл, фирма изгубила 80.000 денари

Сопственик на фирма од кавадаречко бил измамен преку хакирана електронска пошта со што бил оштетен за 80 илјади денари, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 9 часот, во ОВР Кавадарци, 51-годишен жител од село во кавадаречко, сопственик на правно лице од Кавадарци, пријавил дека бил измамен за сума од 80.000 денари. Според пријавеното, преку европска платформа за транспорт, преку која договарале за да транспортираат стока, преку хакиран и-мејл добиле информација стоката која ја товариле во Германија, да ја истоварат на друга локација, различна од претходно договореното, каде и ја предале, односно не стигнала кај побарувачот и противправно била присвоена“, соопштија од СВР Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител  и се преземале мерки за расчистување на настанот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ