понеделник, 15 декември 2025

Изгореа три возила во Скопје

Во раните утрински часови на 17 јули 2025 година, во 02:51 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата Бојмија избувнал пожар кој зафатил три патнички возила.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, изгореле возило марка хјундаи со скопски регистарски ознаки, сопственост на 40-годишниот Г.С. од Скопје, возило киа со скопски регистарски ознаки, во сопственост на М.П. (36) од Скопје и фолксваген пасат со хрватски национални ознаки, сопственост на В.К. (44) од Скопје.

Интервенирала екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која успешно го изгаснала пожарот. За среќа, во инцидентот нема повредени лица.

Надлежните органи преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на причините за пожарот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ