понеделник, 28 јули 2025

Изгореа три автобуси и едно комби во кочанско Оризари

Tри автобуси и едно комби на приватна фирма утрово изгореа во кочанската населба Оризари. Пожарот на плацот, каде што биле паркирани, е пријавен рано утринава во 2:30 часот, информираат од Секторот за внатрешни работи-Штип.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска во 02:30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во населбата Оризари, кочанско, се опожарени три автобуси и едно комби, сопственост на приватна фирма. Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица–Кочани“, се вели во соопштението од СВР-Штип.

Се посочува дека нема повредени лица. Се очекува во текот на денот да биде извршен увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ