понеделник, 15 декември 2025

Изгаснат пожарот во Кочани, хоспитализирани три лица

Пожарот што избувна попладнево пред 14 часот во куќа на улицата „Браќа Ставреви“ во Кочани, е изгаснат.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од Итната медицинска помош хоспитализирани се три лица, кои настрадале од вдишување на чад, но ниту еден од нив не е во животна опасност.

Во борбата со огнот кочанските пожарникари интервенираа со сите расположиви средства, а помош имаа и од Доброволното противпожарно друштво.

Истрагата за утврдување на околностите под кои избувнал пожарот сè уште не е започната.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ