вторник, 13 јануари 2026

Изгаснат пожар во Дебар, во близина на фирма за преработка на дрво

На излезот од градот, на регионалниот пат Дебар – Струга, настана пожар во барака во непосредна близина на фирма за преработка на дрво.

Објавено на

часот

Сподели

Поради брзата интервенција на екипата на Територијалната противпожарна единица Дебар, не дојде до проширување на пожарот.

„Пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од екипа на ОВР Дебар“, информираа од Секторот за внатрешни работи – Охрид.

Од Територијалната противпожарна единица, која гасне пожари во општините Дебар, Центар Жупа и на подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, апелираат на поголема внимателност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ