На местото на настанот веднаш интервенирала екипа од четворица пожарникари со едно противпожарно возило. При пристигнувањето, пожарот бил во развиена фаза и зафатил патничко моторно возило. Пожарот е успешно изгаснат од страна на екипата на ТППЕ Велес, а во моментот нема информации за повредени лица.






