недела, 28 декември 2025

Издупчени гуми на 34 возила на паркинг во општина Аеродом

Триесет и четири патнички возила биле оштетени на паркинг на булеварот „АСНОМ“, а вкупната материјална штета е проценета на околу 11.000 евра, информираат од МВР.  

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска (28.12.2025) во СВР Скопје  е пријавено дека во периодот од 23 часот на 27.12.2025 до 9 часот на 28.12.2025 на паркинг простор на бул ‘АСНОМ’ е извршено оштетување на 34 патнички возила со вкупна матери“јална штета од околу 11.000 евра, се наведува во информацијата од МВР.

Увид извршила екипа од СВР Скопје, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Неофицијално, оштетувањата на 34-те возила се издупчени пневматици (гуми), што засега непознато лице најверојатно со нож го извршило делото во текот на ноќта.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ