„Притоа, по однос на изречените прекршочни санкции и натаму најголемиот број 253 мерки се однесуваат на непрописно паркирање. Потоа, 90 санкции се однесуваат на непочитување на брзината на движење, па следат прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвол -а 67, прекршоци за некористење на сигурносен појас 40 и за користење на мобилен телефон при возење – 31 санкција, информираа денеска од МВР.
Во рамки на контролите, во три случаи евидентирано е минување на возило на црвено светло, шестмина возачи управувале возило под дејство на алкохол, забележани се два прекршока заради неносење заштитна кацига, а санкционирани се и четири пешаци.
Покрај ова евидентирани се и 18 нерегистирани возила, како и 11 возила кои што биле технички неисправни.






