понеделник, 22 декември 2025

Истрага за велешанецот кој шеташе со пушка во рацете

Објавено на

часот

Сподели

Јавното обвинителство од Велес соопшти дека постои основано сомневање дека лицето сторило кривично дело – „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки матери” од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

„На 18 февруари, осомничениот неовластено држел огнено оружје – пушка марка ‘Бајкал’ од руско производство, со калибар 12 милиметри, со две цевки со внатрешни ударни механизми и автоматска кочница“. Движејќи се по улица во Велес, оваа пушка лицето ја носело со себе, кога го запреле полициски службеници. Поради околности кои упатуваат дека осомничениот може да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, до судијата на претходна постапка е доставен предлог за определување мерка притвор против осомничениот. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена“, информираат од обвинителството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ