Од Обвинителството соопштија дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка против двете лица откако на 15 март, на автопатот Скопје-Велес, наплатна рампа Сопот, полициски службеници откриле 33,82 грама наркотична дрога хероин која првоосомничениот ја држел во просторот за ракофат до возачкото седиште на автомобил „Рено меган” со штипски регистарски ознаки.
„Второосомничената со умисла му помогнала така што му го ставила на располагање автомобилот кој бил во формална сопственост на нејзината тетка. Со автомобилот двајцата се упатиле по автопатот, но биле запрени од полициските службеници, при што дрогата била откриена и одземена“, информира Обвинителството.
По барање на надлежниот обвинител, судот определи мерка притвор во траење од 30 дена.






