четврток, 25 декември 2025

Истрага против жител на село Равен за нелегална трговија со дрога

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од Јавното обвинителство, во текот на јануари, осомничениот набавил одредено количество наркотична дрога – марихуана и ја препакувал во помали пакувања, со намера да ја препродаде на зависници. При претрес во неговиот дом, на 29 јануари, полициските сужбеници пронашле 58,74 грама марихуана, како и една дигитална вага со остатоци од дрога.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар поднел предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои што укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство, да ја попречува кривичната постапка или да го повтори делото, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ