среда, 24 декември 2025

Искршено стакло на бугарскиот Културен центар „Иван Михајлов“ во Битола

Објавено на

часот

Сподели

„Повторно се наложува да си поставиме прашање дали е тоа само вандалски и криминален акт или станува збор и за нешто друго”, велат од Културниот центар.

За случајот тие пријавиле во СВР Битола и очекуваат сторителите да бидат откриени и санкционирани. Исто така, го известиле и генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола.

Од МВР го потврдуваат настанот и велат дека оштетувањето е направено со тврд предмет. 

Вчера во СВР Битола, Б.Ш.(44) од с.Брусник, битолско, пријавил дека со тврд предмет било извршено оштетување на стакло од влезна врата на времен објект(киоск), кој го користел за продажба на свеќи и цвеќиња, лоциран на пат за црква Света Недела во Битола. Полициски службеници презеле мерки и било утврдено дека сторител е неговата поранешна сопруга, која во службен разговор со полициски службеници во Полициската станица Битола го признала делото и појаснила дека го сторила поради нивни недоразбирања. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена пријава по член 243 од Кривичниот законик, велат од МВР. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ