недела, 14 декември 2025

Исчезнатата малолетничка од Куманово најдена кај 19-годишно момче, полицијата го приведе

Кумановската полиција приведе деветнаесетгодишник со кого затекнало малолетно 14 годишно девојче за кое имало пријава дека се оддалечило од нејзиниот дом.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во 15: 20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С.(19) од Куманово. При преглед кај него било пронајдено огнено оружје и со него била затекната 14-годишна девојка за која вчера беше пријавено дека се оддалечила од нејзиниот дом, информираше СВР Куманово.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Претходниот ден, триесет и четиригодишната А.Ф. пријавила во полицијата дека нејзината 14 – годишна ќерка се оддалечила од нивниот дом.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ