понеделник, 19 мај 2025

Исчезнат маж најден починат

Маж од Пробиштип, кој бил пријавен за исчезнат, синоќа околу 21:30 часот бил пронајден починат. Според првичните информации лицето е починато од природна смрт, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Објавено на

часот

Сподели

Од СВР Штип информираат дека Благој Стојанов од Пробиштип го пријавил К.П. од Пробиштип како исчезнато лице.

Во пријавата е наведено дека Павлов и Стојанов заедно биле на риболов на Злетовска Река во атарот на село Жиганци, од каде и Павлов во одреден период исчезнал и му се изгубила секоја трага. Околу 21.30 часот од СВР Штип известуваат дека лицето Кире Павлов од Пробиштип кое било пријавено за исчезнато е пронајдено починато.

Според првичните информации лицето е починато од природна смрт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ