недела, 22 февруари 2026

Интервентната полиција во молскавична ноќна акција, спречија трагедија приведувајќи 18-годишен возач во обид да прегази малолетник

Интервентната полиција при СВР Скопје синоќа приведе 18-годишник од Скопје по инцидент што се случил на подрачјето на Карпош. Меѓу останатите настани во кои ноќеска постапуваше полицијата, која викендов имаше полни раце работа, беше и инцидентот кој можеше да прерасне во трагедија, ако не беше брзата и ефикасна реакција на ЕИП (Единица за интервента полиција).

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од полицијата, вчера околу 23:15 часот, И.С. (18) бил лишен од слобода по претходна пријава дека, откако двајца малолетници физички нападнале 13-годишно момче, тој со патничко возило мерцедес се обидел да го удри и прегази.

За настанот е известен јавен обвинител, а надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

По негово документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ