„Притоа, еден објект е затворен од страна на ДПИ затоа што биле затекнати лица пуштени во угостителскиот објект без да поседуваат ковид сертификат, не биле издавани фискални сметки и затекнат бил малолетник по 24 часот, за што ќе следува и соодветна пријава од СВР Велес”, информираат од МВР.
При контролата во еден од објектите утврдено било непоседување на фискален апарат при што е сочинет записник од Управата за јавни приходи.
Во друг угостителски објект констатирана е поголема сума на пари во каса.
Од Државниот пазарен инспекторат во еден објект констатирано е неносење заштитни маски од страна на персоналот, за што ќе следуваат соодветни поднесоци.






