недела, 14 декември 2025

Инспектори казнуваа во угостителски објекти во Куманово

СВР Куманово, Државниот пазарен и државниот инспекторат за труд викендов извршија контроли во угостителските објекти во Куманово и изрекоа вкупно пет глоби на правни физички лица, соопшти денеска СВР Куманово.

Објавено на

часот

Сподели

Изречени се три глоби на правни и физички лица кои работеле спротивно на Законот за угостителство и две од државниот инспекторат за труд.

Врз основа на претходно изготвен план, во периодот од 22:30 до 3:00 часот на 09/10 август годинава, полициски службеници од СВР Куманово заедно со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд извршија контрола на угостителски објект на подрачјето на СВР Куманово.

При контролата, извршено е легитимирање на седум лица, а од страна на Државниот пазарен инспекторат изречени се три глоби на правни и физички лица кои работеле спротивно на одредбите од Законот за угостителство и од страна на Државниот инспекторат за труд изречени се две глоби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ