недела, 7 декември 2025

Инспектор од Македонска Каменица палел службен материјал и предизвикал пожар до објект на полициското одделение

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против полицискиот инспектор Д.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување на општа опасност по член 288 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од МВР, пријавениот, инспектор за јавен ред и превенција во Полициското одделение Македонска Каменица при СВР Штип, на 27 август 2025 година, додека бил на работа, фрлил и запалил хартија од службени материјали во старо метално буре што се користело за отпад.

Огнот се проширил околу бурето, ја зафатил сувата трева и се приближил до објектот на полициското одделение.

Од Одделот за внатрешна контрола најавуваат дека против инспекторот ќе биде поднесен и предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност поради кршење на работниот ред и дисциплина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ