среда, 24 декември 2025

Им влегол дома и украл повеќе предмети, полицијата го уапси после полноќ

Објавено на

часот

Сподели

На 19 февруари во 02.15 часот, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода М.З.(29) од Куманово, кој се сомничи дека сторил кривично дело „тешка кражба” во куќа на ул.„Јоаким Крчоски” во Скопје, при што одзел повеќе предмети, соопшти МВР.

„Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и тој го признал делото. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 236 од Кривичниот законик“, велат од МВР.

Од полицијата информираат и дека во Гостивар е уапсено лицето А.С.(35) поради сомнение дека извршил разбојништво во маркет на улица „Драге Тодоровски” во Гостивар и со употреба на сила врз вработената во маркетот, од касата одзел пари и избегал.

„Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот, ќе му биде изготвен соодветен поднесок“, соопшти МВР.

Во Гостивар е уапсен и 24-годишниот А.Б. кој бил баран заради издржување на тригодишна затворска казна за продажба на дрога.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ