петок, 20 март 2026

И втора жртва во сообраќајката кај Битола, загина 20-годишно момче од Охрид

Во вчерашната тешка сообраќајка несреќа што се случи на патот Битола – Ресен загинаа две лица. Најпрво беше јавено дека загина 52-годишен маж, а како последица од сударот подоцна во болницата во Битола загина и 20-годишно момче ов Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера на патот АЗ Битола- Ресен кај месноста Слечиште во тешка сообраќајка помеѓу патничко возило „мерцедес“ со странски ознаки управувано од 52-годишен битолчанец со место на живеење во Германија, и „опел“ со охридски ознаки во кое биле две лица на 20-годишна возраст од Охрид загинаа две лица.

Од СВР Битола информираат дека прво почина битолчанец на 52-годишна возраст кој живеел во Германија, а подоцна во битолската болница, како последица на тешките повреди од сообраќајката починало и момчето од другото возило.

Едно од возилото целосно изгорело.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ