недела, 14 декември 2025

И пастрмка се шверцува на Ќафасан

Од почетокот на годинава Царинската управа во повеќе случаи спречи обиди за шверц на повеќе од четири тони храна меѓу која најмногу маслиново масло – 560 литри и 3,7 тони овошје и зеленчук. Последен случај е откриен деновиве на граничен премин Ќафасан, кога државјанин на Албанија се обидел нелегално да внесе 21 килограм свежа пастрмка скриена во во просторот за резервна гума.

Објавено на

часот

Сподели

Поведена е соодветна постапка против лицето кое се обидело да нелегално да внесе небезбедна храна – транспортирана во несоодветни услови и без потребни сертификати и дозволи од надлежни институции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ