понеделник, 26 јануари 2026

Хрватска државјанка пијана со нож го повредила својот сопруг во Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 30-годишна државјанка на Хрватска со привремен престој во Кавадарци, која е осомничена дека сторила кривично дело – телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува во соопштението на Обвинителството вчера изутрината во состојба на пијанство со 2,61 промили алкохол во крвта, осомничената вршела семејно насилство и телесно го повредила својот сопруг. По вербална расправија, зела нож од кујната и го прободела оштетениот во левото и во десното рамо, а потоа го гребела по вратот и телото.

Јавниот обвинител, имајќи ги предвид сите околности, оцени дека се исполнети законските основи и до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор за осомничената.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ