Како што информираат од МВР, на 26 август 2025 година во 14:10 часот, 56-годишната В.П. од с. Јурумлери, скопско, пријавила дека истиот ден околу 07:30 часот, за време на работата се повредила. Повредите биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
За случајот бил известен трудов инспектор, а надлежните преземаат мерки за негово расчистување.






