сабота, 7 јуни 2025

Гром удри во куќа во Велес, повредени нема

Во Територијалната противпожарна единица во Велес синоќа во 20:35 часот имало дојава за пожар на куќа од удар на  гром на улица Крали Марко во стариот дел од градот попознат како Карпа маале, во близина на центарот на градот. Противпожарната единица веднаш интервенирала, а пожарот бил изгаснат во 21:55 часот.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

На местото на настанот веднаш дошла и медицинска екипа од Итна помош, а повредени нема, само една жена била вознемирена од настанот, информираат денеска за МИА од Службата на итна помош при ЈЗУ Здравствен дом.

Како што утрово појаснија од ТППЕ Велес, во пожарот изгорел покривот кој бил разнесен од силината на громот, а изгореле и една соба со мебел, но во несреќата  повредени нема.

Од ТППЕ Велес на интервенција излегле со две мали теренски возила џипови и едно големо противпожарно возило и седум пожарникари. Поради непристапниот терен за противпожарни возила, стрмни и тесни улици во овој дел од градот, пожарникарите биле принудени на пожарот на куќата  да интервенираат со противпожарни апарати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ