сабота, 12 јули 2025

Грција ќе екстрадира македонски државјанин во Германија, баран за грабеж и убиство

Судот во Солун вчера одобрил екстрадиција на 34-годишен државјанин на Македонија во Германија, каде што се бара за учество во грабеж и убиство на 81-годишен маж, објави „Катимерини“.

Објавено на

часот

Сподели

Тој бил уапсен во мај на граничниот премин Евзони, при рутинска проверка која покажала дека против него е издадена европска потерница.

Кривичните дела, според документите на германското обвинителство, се извршени во февруари во мал град во сојузната покраина Хесен. Осомничениот наводно патувал во Германија на службена должност со сограѓани и престојувал во соби изнајмени од жртвата. Сторителите, според германските органи за спроведување на законот, го врзале и му ја затвориле устата на 81-годшниот маж, земајќи пари од неговиот дом. Неговата смрт била предизвикана од задушување.

Пред судиите на Апелациониот совет, 34-годишникот побарал да не биде екстрадиран во Германија, тврдејќи дека на неговото семејство, кое живее во Велес, ќе му биде полесно да го посетува во грчки затвор. Судот го отфрлил неговото барање.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ