среда, 18 март 2026
ОЈО Гевгелија

Грци осомничени дека краделе парфеми на „Богородица“

Полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против грчките државјани В.Б.(43), К.Б.(35) и П.Б.(44) заради сомневање за сторено кривично дело тешка кражба на дрзок начин, соопштија денеска од СВР Струмица. Тие се сомничат дека вчера, во периодот од 10:40 до 11:15 часот, од продажен објект во состав на хотел на Граничен премин Богородица одзеле повеќе парфеми.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

По преземени мерки, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија утврдија дека тројцата заминале од местото со возило тојота, кое го управувал В.Б., а другите двајца биле сопатници. Во 21.30 часот на граничен премин „Богородица“ е запрено возилото и при контрола во него се пронајдени одземените предмети, се наведува во соопштението на СВР Струмица.

Лицата се уапсени и се задржани во полициската станица Гевгелија, а во текот на денот ќе бидат изведени пред судија од Основен суд Гевгелија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ