Градоначалникот Митовски го отклучил возилото „рено каптур“ и ја скинал залепената лепенка од крим-техника и се обидел да влезе. Интервенирала полицијата по што градоначалникот си заминал.
Возилото на Милан Митовски било одземено по наредба на Јавното обвинителство според член чл.297-а став 2 од Кривичниот законик за загрозување на сообраќајот. „Тој што не се придржува кон прописите за безбедноста во автобуски, железнички, воздушен и бродски сообраќај, сообраќај на жичари или сообраќај со други средства за масовен јавен превоз и со тоа ќе предизвика опасност за животот или телото на луѓето или за имотот од значителен обем, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години“, пишува во КЗ.






