На терен, како што соопшти таа е утврдено оштетување на урбаната опрема во Паркот на рударите, како и значителна штета на градскиот јавен тоалет лоциран кај автобуската станица, каде е уништена влезната врата и дел од внатрешниот инвентар.
Стаменкова, ги осуди ваквите појави, посочувајќи дека уништувањето на јавниот имот претставува директен напад врз заедничките ресурси на граѓаните и врз напорите на локалната самоуправа да создаде уредена и безбедна урбана средина.
„Овие чинови се недозволиви и нанесуваат штета која сите ја плаќаме. Апелираме до надлежните институции случаите да бидат расчистени, сторителите пронајдени и санкционирани согласно законот. Јавниот имот е заедничка одговорност и мораме да го чуваме“, истакна Стаменкова.
Општината упатува јавен повик до граѓаните активно да пријавуваат вакви појави и да дадат свој придонес во зачувување на јавните површини, со цел да се обезбеди достоинствен изглед на градот и сигурна околина за сите жители.






