недела, 1 март 2026

Граделе куќи без дозвола: полицијата поднесе пријави против двајца инвеститори

Полицијата поднесе кривични пријави поради сомнение за незаконска градба на две локации во Струга и Љубаништа, охридско. Осомничените граделе куќи и гаража без одобрение за градење од надлежните општински органи. Инспекторатот донел решение за уривање на една од бесправно изградените градби.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Од ОВР Струга информираат дека кривична пријава е поднесена против М.М. од Струга, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело бесправно градење. Според информациите, пријавениот како инвеститор на катастарска парцела во Струга изградил објект за домување и гаража без правосилно одобрение за градење издадено од надлежниот општински орган.

Во одделен случај, СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.П. од Охрид, исто така поради сомнение за бесправно градење. Таа, како инвеститор, на парцела во охридското село Љубаништа изградила станбен објект без одобрение за градење издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште при Општина Охрид.

По извршен инспекциски надзор и констатираната состојба, надлежниот инспекторат донел решение за отстранување на бесправно изградената градба во Љубаништа.

Од полицијата најавуваат дека по натамошното процесуирање на случаите ќе се постапува согласно законските процедури, додека институциите апелираат граѓаните да ги почитуваат урбанистичките и законските прописи при изградба на објекти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ