Во информацијата на СВР Тетово се вели дека вчера околу 15 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода 54-годишната М.Е. и 34-годишниот Е.Е.од Гостивар.
Претходно 31-годишната жена телефонски се јавила во полицијата дека во семејниот дом била физички нападната од сопругот и неговата мајка.
Се расчистува и документира случајот, велат од СВР Тетово.






