Според пријавеното, тој на социјална мрежа забележал реклама од странска банка, по што преку линк аплицирал за кредит, а по извесно време преку социјални мрежи започнал комуникација со лице кое се претставил како претставник на банката и кој му побарал документација и трансакциска сметка. Како што е пријавено, по извесно време му било кажано дека сè е во ред и дека трансферот на кредитот ќе биде реализиран откако тој ќе уплати пари за некои провизии. Исто така, според пријавеното, откако ги уплатил парите, а не го добил кредитот, повторно го контактирал лицето кое се обидело повторно да го доведе во заблуда. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.






