Според фотографиите што ни ги испратија наши читатели, автомобилот се запалил во возење во близина на индустриски објекти на автопатот Скопје-Тетово.
Од СВР Тетово за МКД.мк изјавија дека првичните информации говорат дека поради дефект возилото се самозапалило, но повредени нема. Интервенирала противпожарна бригада, а полицијата се уште е на местото на настанот.
Детали за оваа сообраќајна ќе бидат соопштени утре.