„Денеска во 05:10 часот во СВР Куманово лицето Б.Ц. пријавил дека на улицата ‘Моша Пијаде’ во Куманово има опожарено возило марка ‘ланд ровер’ сопственост на А.Г. Пожарот е локализиран од страна на сопственикот и негов сосед. По насоки на дежурен ЈО увидна екипа на ОКТУПА при СВР Куманово извршила увид на самото место при што е констатирано дека пријавениот пожар е подметнат од страна на непознат сторител на начин што со непозната течност возилото е испрскано во различни делови, по што течноста е запалена, а сторителот без да биде забележан од никого се оддалечил од местото на настанот“, соопшти МВР.
Причинета е материјална штета околу 120.000 денари.






