недела, 14 декември 2025

Го нападнал брат му и неговото семејство со моторна пила

Жител на неготинско село бил лишен од слобода, откако било пријавено дека им се заканувал на брат му и неговото семејство и ги нападнал со моторна пила.

Објавено на

часот

Сподели

Од Секторот за внатрешни работи – Велес денеска информираа дека вчера во 18:40 часот,  полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода Н.А., на возраст од 49 години.

„Постапувајќи по претходна пријава, дека во дворот од семејниот дом на неговиот брат во истото село, му се заканувал нему и на неговото семејство, а се обидел и да ги нападне со моторна пила, но, го спречиле и му ја одзеле пилата. Според пријавеното, Н.А. во еден момент паднал и се повредил, по што бил пренесен во Општа болница – Кавадарци, каде му биле констатирани телесни повреди“, појаснија од СВР Велес.

Пилата била одземена, известен бил јавен обвинител. По документирање на настанот, како што потенцираа од СВР – Велес, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ