петок, 16 мај 2025
ОЈО Скопје поведе постапка и го гони за демнење

Гевгеличанец следел татко и три деца со месеци

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 46-годишен жител на Гевгелија, кој е осомничен за дејствија на кривично дело демнење, кои ги извршил во Скопје кон еден оштетен и неговите три малолетни деца.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Јавното обвинителство на Македонија, во периодот од 29 јануари до 29 април осомничениот го следел оштетениот при доаѓање или одење од работното место, го следел движењето на неговите деца додека оделе во основно училиште во Кисела Вода и се обидувал со пораки да воспостави несакан контакт. Со ваквите дејствија, како што се наведува, предизвикал чувство на вознемиреност, несигурност и страв кај оштетените.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост, забрана за приближување и воспоставување контакти со оштетените, како и забрана за посетување на локациите каде го вршел демнењето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ