недела, 29 март 2026

Физички пресметки и напади во повеќе градови, има приведени и кривични пријави за насилниците

Полицијата регистрираше повеќе инциденти во изминатото деноноќие во Скопје, Прилеп и Гостивар, при што има приведени лица, а поднесена е и кривична пријава.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, на подрачјето на Карпош, дошло до нарушување на јавниот ред и мир поради физичка пресметка помеѓу двајца 18-годишници и тројца малолетници. Сите учесници се приведени во полициска станица, а по документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Во Прилеп, полицијата поднесе кривична пријава против 33-годишен маж кој се сомничи дека попречувал службени лица при извршување на службени дејствија, обидувајќи се да спречи транспорт на запленето возило.

Во Гостивар, пак, 24-годишен жител пријавил дека бил физички нападнат по расправија околу паркинг место пред угостителски објект. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ