вторник, 15 јули 2025

Физички напади и одземање мобилни телефони по недоразбирања во сообраќај

На 05.06.2025 година во 19.10 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со повреди е донесен М.Б.(60) од Швајцарија.

Објавено на

часот

Сподели

По извршен службен разговор со неговата сопруга е констатирано дека околу 17.00 часот на патот од с.Катланово кон Катлановска Бања, М.Б. бил физички нападнат од едно лице кое било со патничко возило. Потоа оштетениот се обидел со неговиот мобилен телефон да ги фотографира регистарските таблици, по што лицето му го одзело мобилниот телефон и го напуштило местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Истиот ден, околу 15.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, С.Н. од Скопје (24) бил физички нападнат од три лица. Нападот го пријавил 05.06.2025 година во 22.00 часот во СВР Скопје. Откако се обидел со возилото да ги следи со цел да ја фотографира регистарската таблица од нивното возило, бил забележан од истите и тие повторно физички го нападнале, при што му го оштетиле мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ