Според пријавата, 46-годишниот П.К. од Скопје информирал дека околу 19:30 часот во продажен објект бил физички нападнат од лицето С.Д., кој, според наводите, употребил и тврд предмет за време на нападот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.