Пријавителот, 45-годишниот В.Б. од Гостивар, во 15 часот информирал полиција дека по кратка вербална расправија бил физички нападнат од 71-годишниот В.И. од Гостивар.
Според МВР, осомничениот бил веднаш приведен во полициската станица, а надлежните преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.






