Како што информираат од Министертвото за внатрешни работи, со судска наредба бил извршен претрес во нивниот дом, каде биле пронајдени и одземени 2.320 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбата.
„Денеска со судска наредба, бил извршен и претрес во домот на 62-годишната З.Т. и Т.Т. (34) од Неготино, мајка и брат на Ц.Н., при што во просторија каде живеела нејзината мајка биле пронајдени и одземени 2.485 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбата, зелена растителна материја, таблети екстази и бела прашкаста материја“, посочуваат од МВР.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.






