Тие се сомничат дека со намера да се стекнат со противправна имотна корист, кривичните дела ги извршиле во јануари 2022 од Уметничката галерија – Споменик на културата „Безистен” на ул. „Тошо Арсов” во Штип, од каде со употреба на сила противправно одзеле поголем број предмети од Уметничката галерија. Дел од одземените предмети се пронаједни, одземени и вратени на Националната установа Завод и музеј Штип, се вели во соопштението од СВР-Штип.
По комплетирање на службената документација против нив до ОЈО ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
МИА претходно информираше дека од покривната конструкција на уметничката галерија „Безистен” украдени се вкупно 26 оловни плочи, кои се рачно и автентично направени.
Според директорот на Заводот за заштита и Музеј на град-Штип, Митко Штерјов, штетата се проценува над 10.000 евра. Ианку објектот е заштитен од државата, како споменик на културата, а е изграден во средината на 16 век.






