понеделник, 15 декември 2025

Фатени крадци во Кавадарци, пронајден поголем дел од украденото

Полициски службеници од ОВР Кавадарци, на 21 и 22 јули годинава, во периодот од 23:05 до 02:40 часот во Кавадарци, ги лишиле од слобода Б.К.(49), В.Ј.(37) и Г.Н.(38), сите од Кавадарци, поради сомнение дека извршиле кривично дело тешка кражба.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат денеска од Министерството за внатрешни работи, тие се сомничат дека со употреба на сила влегле во домот на 33-годишен маж од Кавадарци и одзеле сеф со пари и златен накит.

„При преглед кај нив се пронајдени и одземени поголем дел од парите и предметите и истите ќе бидат вратени на сопственикот. Тие се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител“, посочуваат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР соопштуваат дека по документирање на настанот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ