Тие биле затечени при бесправна сеча со моторна пила на огревно дрво и во нивна близина биле пронајдени исечени огревни дрва. Моторната пила и дрвата се одземени и предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. За настанот е известен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Тетово и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.






