„Денеска во 3:10 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го привеле Ѓ.И., 39-годишен кавадарчанец, затоа што го нарушил јавниот ред и мир со недолично однесување. При преземање мерки, кај него биле измерени 2.31 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од СВР – Велес.






