сабота, 7 март 2026

Фатен крадец во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, ноќеска во 04:20 часот  го лишиле од слобода 33 годишниот  Б.Т. од Велес.

Објавено на

часот

Сподели

Тој се сомничи дека на две локации во Велес извршил кривични дела тешка кражба при што одзел разни предмети, меѓу кои и платежни картички, по што со една од картичките во продажно место извршил две трансакции. Дел од одземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците, информираа попладнево од СВР Велес.

Тој бил приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ